СИСТЕМ НА ДВОЈНО ФАЛЦУВАН ПОКРИВ
Фалц крововите се едно од најсовремените и најиздржливите решенија за покривање на кров. Со нивната елегантна линија и прецизни шавови, тие не само што обезбедуваат целосна заштита од временските услови, туку и го истакнуваат изгледот на вашиот дом или деловен објект. Препознатливи по своите прави линии и класични форми, се монтира на дрвени подлоги и погоден е за неправилни облици и различни кровни агли исто така самиот фалц е достапен во различни бои.
Овој систем е идеален за семејни куќи, викендици, како и за модерни индустриски и јавни објекти.
Зошто фалц кров?
-
Водоотпорност – сите фалц панели се поврзани со валцувани шавови високи 25 мм, без видливи штрафови и површински оштетувања.
-
Долготрајност – лимот останува цврст и отпорен со децении, без пукање или корозија.
-
Современ изглед – чисти линии, елегантен профил, скриени прицврстувања.
-
Флексибилност – може да се поставува на прави, закривени или сложени покривни форми.