Постојат многу врсти на опшивање, кој заедно со кровот потребни се за адекватно да се заштити објектот, сите производи за опшивање се произведуваат од идентичен лим и боја, како и останатите елементи за градежна Лимарија, се изработуваат по потребна ширина и должина.

Опшивните елементи често можете да ги видите на различни делови од кровот.

Ветер лајсната служи за заштита на бочните рабови од самиот кров,самиот елемент ги штити бочните страни од пролизгување на водата по самата стреа и фасада.

Увала се монтира на сам пресек од два кровни елементи, има својство да сврзува и штити од навлегување на вода под кровот.

Ѕидна опшивка или (иксна) служи за спој помеѓу ѕидот и кров или подкров во зависност од потребата и позициите на самиот кров,таа го сопира навлегувањето на вода во самиот кров или подкровје ѕидната опшивка е корисен елемент за стопирање на пролизгувањето на водата.

Окапник се користи највеќе на рамни бетонски подлоги најчесто на прозорците и терасите.