Металните покриви претставуваат водечки избор меѓу материјалите за покриви, а покривите со двојно фалцуван лим се еден од најпопуларните и најсигурни типови. Изработени од пластифициран лим, алуминиум или бакар, овие покриви се високо ценети и од оние кои ја ценат традиционалната градба, како и од оние кои бараат удобност и безбедност во домот. Фактот што светски ремек-дела на архитектурата имаат покриви изградени со технологија на двојно фалцуван лим ја нагласува нивната докажана издржливост и квалитет низ вековите.
Што е кров со двојно фалцуван лим ?
Покривот со двојно фалцуван спој се поставува со употреба на метални панели со превиткани рабови, кои со помош на посебна техника се превиткуваат за да се формира двојниот спој (фалц). Ова превиткување создава цврст и издржлив спој. Клучна предност на оваа технологија е тоа што ја елиминира потребата од шајки и шрафови кои продираат низ покривната површина. Механичките врски се главната причина за протекување, но ова конструкциско решение ги елиминира протекувањата бидејќи нема дупки, панелите се прицврстуваат со специјални внатрешни стеги кој остануваат под самите фалц табли. Покривот без видливи сврзувачки елементи е стилски привлечен и високо функционален.
Двојно фалцованиот лим се користи таму каде што се бара висока издржливост, водонепропусност и модерен архитектонски изглед. Најчеста примена има кај покривите, особено на конструкции од 5° па нагоре и кај објекти со сложени форми. Благодарение на неговиот механички затворен фалц, овозможува долги панели без дилатации и исклучително сигурен систем отпорен на дожд, снег и ветер.
Освен на покриви, двојниот фалц се применува и на фасади, најчесто како вентилиран систем или декоративни вертикални елементи што создаваат чисти линии и современа естетика. Поради својата долговечност и прецизност при монтажа, двојно фалцованиот лим е избор за модерни куќи, комерцијални објекти и сите проекти каде што се бара траен, безбеден и визуелно впечатлив завршен изглед.
Предности на дупло фалцуваниот кров!
Кога велиме дека кровот на „со фалц систем“ е најздрав и најсигурен, не зборуваме само за естетика, туку за супериорна градежна физика. Овој систем се смета за врв во покривната технологија поради неколку клучни причини.
Да ги наведеме предностите на покривот со дупли фалц
• Максимална затегнатост меѓу металните табли.
• Изгледа одлично и модерно и се вклопува во секое архитектонско решение.
• Долг работен век и отпорност на неповолни временски услови. При употреба на челик обложен со пластификат, работниот век и гарантниот период достигнуваат 50 години.
• Минимална тежина на материјалот. Покривот со двојно фалцан спој е многу лесен материјал кој не додава големо оптеретување на кровната конструкција.
• Минимално одржување на покривот. Металниот покрив со фалц систем бара минимално време и пари за одржување. Неговата површина лесно може да се исчисти од прашина, нечистотија и лисја со обична мека четка или крпа.

