ДВОЈНО ФАЛЦУВАН ПОКРИВ — СТАНДАРД ЗА ТРАЈНА ЗАШТИТА

Двојно фалцуваниот лим претставува професионално решение за покривање на објекти кои бараат висока издржливост, прецизна изработка и долгорочна заштита. Системот се заснова на механичко поврзување на лимените панели преку двоен фалц — спој кој обезбедува целосна херметичност без употреба на лепила, силикони или видливи завртки.

Технички карактеристики

Панелите се изработени од висококвалитетен челичен лим со заштитна полиестерска или PVDF облога, достапни во стандардни RAL бои. Дебелината на материјалот, агол на монтажа и начинот на фалцување се усогласени со европските стандарди за покривни системи, осигурувајќи долгорочна отпорност на атмосферски влијанија, UV зрачење и механички оштетувања.

Искуство!

За време на процесот и дизајнирањето, работиме со архитект за да го споделиме нашето искуство и техничките детали. Решенијата за покривот се избираат земајќи ги во предвид желбите на клиентите и  својствата на материјалите.